Ландо Норис беше блиску до победа во трката за Големата награда на Унгарија, но во самиот финиш на трката ја послуша тимската наредба и му овозможи на Оскар Пјастри да го мине и обезбеди триумф на Хунгароринг.
Секако овој потег на Мекларен и целата ситауција донесе доста коментари затоа што Норис со победа дополнително ќе ја намалеше предноста во генералниот пласман во однос на лидерот и актуелен Ф1 шампион, Макс Ферстапен.
На Британецот не му беше сеедно, меѓутоа на крајот ја прифати одлуката на тимот.
- Тимот побара од мене тоа да го направам и јас тоа го направив.
- Навистина одличен ден за нас, за тимот. Тоа е главната причина што сум задоволен. Долг е патот до сето она што го направивме. Оскар имаше добар старт, беше блиску до мене, ме претекна и добро ја контролираше трката. Мислам дека заслужи да победи, - порача Ландо.