Ништо од титула по две години – Надал го загуби финалето

Дерби

21/07/2024

16:24

1.175

Големина на фонт

а а а

Португалецот Нуно Борхес го освои АТП турнирот 250 во Бостад, откако во финалето го совлада Рафаел Надал.

По два сета игра беше подобар од Шпанецот со 6:3, 6:2, а за титулата му требаа нешто помалку од час и половина.Шпанскиот тенисер Рафаел Надал имаше шанса да ја освои првата титула по две години, но Борхес го спречи во тоа.

Моментално 51. играч во светот, по ревијата на брејкови во првиот сет, успеа да ја задржи предноста остварена во шестиот гем.


Потоа по трет пат во овој дел од играта му го одзеде сервисот на Надал, поведе со 5:2 и на крајот рутински сервираше за првиот сет, кога ја искористи првата сет-топка.

Во однос на првиот дел од финалето, овојпат играчите ги спасуваа сервис гемовите, само за најпрвин да потклекне Надал.

Поранешниот светски рекет број 1 покажа несигурност во петтиот гем, а сето тоа го искористи Португалецот и го потврди брејкот за 4:2 во следниот гем.

И тоа не беше крајот на падот на Надал на овој меч, кој уште еднаш му дозволи на ривалот да му го одземе сервисот.Успеа да спаси две брејк топки, но Боржес ја искористи третата и полека можеше да слави.