Сè што произведува "Pagani" предизвикува огромен интерес, особено кога станува збор за специјални верзии на стари модели.
Во "Pagani" уште еднаш решија да се посветат на моделот "Huayra", а создадоа посебна варијанта која е прва со мануелен менувач.
"Pagani Huayra Epitome" е најбараниот модел на "Pagani" на планетата, а е направен по барање на клиент кој го условувал купувањето со „манулен менувач“, при што цената очигледно не била ограничување.
Пагани вградуваше мануелен менувач на моделите "Zonda" и "Utopia", но не и на овој. И за да се подобрат работите, сепак е седумстепен менувач, а самата рачка "Xtrac" е вистинско мало ремек-дело.
Овој модел сè уште е придвижуван од модифицираниот "AMG 6.0 V12 twinturbo" мотор, сега со 864 коњски сили и 1.100 Nm максимален вртежен момент.
До 150 km/h овозможува удобно возење – доволно е да ја изберете програмата „Super soft“ со притискање на копчето.
Има малку автомобили во кои секој детаљ е достоен за восхит. Ова е еден од нив.