[ВИДЕО] Избегната катастрофа во Велес: Спречена експлозија на над 80 тони гас кај поранешна „Порцеланка“

Макфакс

19/07/2024

15:09

2.607

Големина на фонт

а а а

Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“ во Велес, објави Центарот за управување со кризи.

„Огнот беше сопрен на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тона гас“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.