Манчестер Јунајтед вечерва и официјално го потврди трансферот на талентираниот дефанзивец Лени Јоро, кој потпишал петгодишен договор со „црвените ѓаволи“.
Јоро има само 18 години, но веќе забележа 60 настапи за првиот тим на Лил, што покажува дека е подготвен за следниот и многу поголем предизвик во Премиер лигата.
Потврда за квалитетот на тинејџерот е и што обезбеди место во тимот на сезоната во француското првенство, а Лил избори Топ 4 пласман во Лига 1.
– Лени е еден од најталентираните млади дефанзивци во светот, ги поседува сите атрибути да стане стопер од светска класа. Откако имаше таков одличен старт на кариерата, возбудени сме што ќе можеме да го поддржиме да го потврди својот голем потенцијал токму во Манчестер Јунајтед, – истакнал спортскиот директор Дан Ешворт.
🔴 This is home.
— Manchester United (@ManUtd) July 18, 2024
Bienvenue a Manchester United, @Leny_Yoro! 🙌
#MUFC
За Јоро сериозно заинтересиран беше и Реал Мадрид, но шпанскиот великан овојпат ја загуби битката со премиерлигашот кој дејствуваше експресно и го обезбеди потписот на Французинот.
Јунајтед ќе плати дури 62 милиони за младиот дефанзивец, а Лил може да добие уште 8 милиони евра во вид на бонуси.