[ВИДЕО/ФОТО] Невреме со силен ветар и дожд зафати делови од Скопје

Макфакс

18/07/2024

18:16

10.314

Големина на фонт

а а а

Делови од Скопје попладнево беа зафатени од силен ветер со дожд и град.

Во одредени реони како во населбите Ново Лисиче и Аеродром снема струја откако почна невремето.

Иако невремето со силен интензитет траеше кратко време, направи штета на некои дрва и гранки во населбата, и истото се уште е активно но со малку намален интензитет.

Невреме со силен дожд и град го зафати и Кавадарци а жителите на социјалните мрежи пишуваат дека во одделни делови од градот нема струја.

Паднати дрвја, искршени гранки, по невремето проследено со силен ветер и дожд во Скопје

Од УХМР соопштија дека од утре до средината на следната седмица во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.


Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во Скопје, од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.