[ФОТО] А како вие се облекувате за на работа? Пратеничката на ЕП ставила кучешка маска на лицето: „Тука се состануваат ѓаволи“

Точка

18/07/2024

20:42

3.239

Големина на фонт

а а а

„Исто како и во романскиот парламент, и тука се состануваат ѓаволи“, им рекла Шошоака на новинарите оваа недела. „Ќе донесам свештеник да ги освети канцелариите и сè што може друго. Тоа мое право на вера, на изразување на мојата вера“, рекла таа.

Диана Шошоака, пратеничка на крајната десница во европскиот парламент, дошла на работа носејќи кучешка маска преку лицето, поради што ја извеле од салата по протестот во текот на пленарната седница на ЕП. Претходно предложила да се повика свештеник за да го освети Европскиот парламент и да го исчисти од „ѓаволот“.


Шошоака, ексцентрична лидерка на романската крајна десна партија СОС Романија, неодамна го доби својот прв мандат за Европскиот парламент. Поранешната членка на горниот дом на парламентот во својата земја, е на лош глас во Романија поради своите ставови против имиграцијата и вакцинацијата, како и поради своето однесување во законодавното тело во Букурешт.


„Исто како и во романскиот парламент, и тука се состануваат ѓаволи“, им рекла Шошоака на новинарите оваа недела. „Ќе донесам свештеник да ги освети канцелариите и сè што може други. Тоа е мое право на вера, на изразување на мојата вера“, рекла таа. Шошоака, која во првиот ден во парламентот носела традиционална романска народна носија, додала и дека донела смирувачка мирисна смола и икона од Света Параскева, балканска светица од 10-тиот век.


Исто така го прераскажала разговорот со шефицата на Европскиот парламент Роберта Мецола, тврдејќи дека Мецола пребледела кога ја видела. „Отидов кај госпоѓата Мецола. Кога ме виде, побеле“, рекла Шошоака. „Ја прашав за состанок, беше се побела и побела. Ми рече: „Те молам, напиши ми кое време сакаш и подготвена сум да разговарам со тебе““,


Порано оваа недела, во видео во живо на Фејсбук била снимена во текот на гласањето за избор на претседател на Парламентот како ги пречкртува имињата на Мецола и Монтеро, и напишала: „Никогаш за Украина, никогаш за ЛГБТ, никогаш за ЕУ диктатура“ на нејзиното гласачко ливче. И покрај тоа, Мецола со уверливо мнозинство беше избрана за втор мандат.


Во својот прв говор во парламентот во средата Шошоака – која е критикувана поради своите врски со Москва – ја обвинила ЕУ дека ја уништила Романија со пружањето на помош на Украина и ја повикала да ја сопре испораката на оружје за Киев. „Ја уништивте Романија, ја осиромашивте Романија со помошта за Украина“, рекла таа, додавајќи дека со Москва зборувала за ставање на крај на војната, бидејќи Русија била единствена страна која сакала да разговара за мир.