Синоќа цела Америка гледала во внуката на Доналд Трамп: Одржала емотивен говор за својот дедо, па открила каков е всушност приватно

Точка

18/07/2024

11:33

3.908

Големина на фонт

а а а

Каи Трамп, ќерката на Доналд Трамп Помладиот и внука на поранешниот претседател Доналд Трамп, синоќа зборуваше на сцената на Републиканската национална конференција.

Каи им се обрати на делегатите и на публиката непосредно пред нејзиниот татко, а нејзиниот говор беше моќен и емотивен.


„Денес сум тука да споделам страна на мојот дедо што луѓето не ја гледаат често. За мене тој е само дедо. Тој нѝ дава слатки и газирани пијалаци кога нашите родители не гледаат. Секогаш сака да знае како нѝ оди на училиште. Кога ќе постигнам успех, мојот дедо се фали пред пријателите и кажува колку е горд на мене. Ми се јавува да ме праша како ми оди на голф тренинзите и ми раскажува за неговите, но потоа морам да го потсетам дека сум на училиште и ќе морам да му се јавам подоцна“, рече Каи и доби аплауз.


Таа истакна дека нејзиниот дедо Доналд преживеал пекол, но дека сè уште стои цврсто.

„Дедо, ти си таква инспирација и те сакам. Медиумите прават мојот дедо да изгледа како поинаква личност, но јас знам каков е. Тој е многу грижлив и полн со љубов. Тој навистина го сака најдоброто за оваа земја и ќе се бори секој ден повторно да ја направи Америка голема“, додала младата Каи.


Таа инаку има 17 години, а Доналд Трамп Помладиот ја доби во бракот со Ванеса Трамп. Таа е најстара од 10-те внуци на Трамп.

Покрај говорот кој воодушеви многумина, Каи ги засени сите со својата убавина.


„Каква убавица!“, „Браво малечка, така се сака дедо“, „Колку убаво девојче“, „Не знаев дека има убава внука“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.