[ВИДЕО] Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека лансира ракета од рамото, собори руски проектил“

Макфакс

16/07/2024

17:32

2.393

Големина на фонт

а а а

Поранешниот советник на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, на својот икс-профил објави видео на кое вели дека Украинец, облечен во цивилна облека, лансира ракета од неговото рамо за да пресретне руски крстосувачки проектил.

На кратката снимка се гледа како украински војник пука со ракета, а во заднина се слушаат гласови што слават, што имплицира дека рускиот проектил е успешно пресретнат.

Не е јасно каде и кога е снимено видеото, пишува „Њузвик“ и додава дека Украинецот на видеото користи MANPAD, пренослив систем за противвоздушна одбрана.