Форензичката анализа укажува дека во текот на атентатот на Доналд Трамп, на поранешниот претседател на САД кој во саботата преживеа обид за убиство на митингот во Пенсилванија било пукано од три вида оружје.
ФБИ претходно соопшти дека атентаторот Томас Метју Крукс (20) делувал сам.
Според анализата на Каталин Григорас, директор на Националниот центар за медиумска форензика на Универзитетот Колорадо, и Кол Вајткотон, виши научен соработник во истата институција, првите три истрели биле од наводно оружје А, следните пет истрели биле испукани од наводно оружје Б, а последниот „акустичен импулс“ бил испукан од наводно оружје Ц.
Форензичкиот експерт Роберт Мејхер вели дека аудио анализата потврдила дека напаѓачот бил на оддалеченост од 110 до 120 метри од бината на која зборувал Трамп.
Се наведува дека овој заклучок е во согласност со анализата на „CNN“ дека напаѓачот бил на кров на оддалеченост од 120 до 150 метри од бината кога одекнале пукањата.