[ВИДЕО] „За првпат во неколку месеци чувствувам надеж“: Последната објава на Шенон Доерти ги крши срцата

Точка

15/07/2024

09:34

3.550

Големина на фонт

а а а

Шенoн Доерти, ѕвездата на „Beverly Hills, 90210“, почина по повеќегодишна борба со ракот на дојка, на 53-годишна возраст.

На актерката за првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година, а по мастектомијата, болеста во 2018 година се прошири на нејзините лимфни јазли. Една година подоцна таа дознала дека ракот се проширил и е во четврт стадиум по што морала да биде подложена на операција на мозокот.


Шенон ја сподели својата последна објава на Инстаграм пред две недели, во која во склоп на својот поткаст открила како се чувствува.

„За првпат во неколку месеци чувствувам надеж“

„За првпат не знам колку долго ќе бидам на хемотерапија и дали тоа ќе биде три месеци или шест месеци или за три месеци ќе сфатиме дека тоа не функционира и повторно ќе го промениме третманот“, рече таа.


„Тоа не е нешто што можам да го предвидам. Тоа не е нешто што моите лекари можат да го предвидат и е застрашувачко. Иако е голем повик за будење, има и позитивно. Позитивното е што молекуларните структури на клетките на мојот рак неодамна се променија. Тоа значи дека постојат уште протоколи кои можат да се испробаат“, објасни таа.

„За првпат во неколку месеци чувствувам надеж бидејќи сега има толку многу опции. Имав надеж и порано, но сè уште се подготвував“, рече Доерти во својата, за жал, последна објава.