Познатата актерка Шенон Доерти, ѕвездата на култната серија „Beverly Hills 90210“, почина на 53-годишна возраст, пренесува магазинот „People“.
Актерката долго време се бореше со ракот. На Доерти првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година, а две години подоцна објави дека отишла во ремисија.
Сепак, ракот се врати во 2019 година и напредувал до четврт стадиум, ширејќи се на мозокот.
Доерти ја стекна светската слава како Бренда Волш во оригиналната серија „Beverly Hills 90210“, којa беше премиерно прикажанa во октомври 1990 година.
Таа ја напушти серијата по четвртата сезона во 1994 година. Подоцна повторно го играше ликот на Бренда со неколку гостувања во рибутот „90210“ во 2008 година.
По славата во серијата, Дoерти доби улога во серијата „Charmed“, како најстарата од трите сестри вештерки. Покрај улогата во серијата, таа режираше и неколку епизоди, а серијата ја напушти на крајот на третата сезона во 2001 година.