Не постои поголем политички срам од тоа ДУИ да се обидува да профитира од насилство врз бебе, оценуца коалицијата Влен.
„Има ли дно што не може да го пробијат? Кое е тоа политичко лудило да се тврди дека причината за насилството врз бебе е заради тоа што ДУИ не е дел од Владата? Зарем вчера не ги регистрираа постапките на министерот Арбен Таравари и директорот Реџеп Мемеди? И конечно, ако бараат оставки и посочуваат на одговорност после 20 дена од формирањето на новата Влада, тогаш што треба да се бара за 22 годишниот режим на ДУИ? Да се избрише ДУИ од регистарот на политички партии заради сите злодела што им ги направи на Албанците?“, велат од Влен.
Од тука ги повикуваат ДУИ да се отрезнат, да се соочат со реалноста, програмски и кадровски да се реформираат и да почнат да делуваат како конструктивна опозиција.
Претходно ДУИ повика на оставки поради насилството врз бебето, тврдејќи дека тоа се случувало поради етнички причини. ДУИ истакнаа дека насилството е последица на политичката немоќ на поразените на изборите кои секојдневно ги понижуваат Албанците.
Министерот Таравари претходно најави дека специјална комисија на Клиниката за педијатрија ќе го разгледа случајот и ако се докаже дека е така ќе се преземат веднаш мерки против одговорните лица.