Познатите парови се секогаш сензација, особено на социјалните мрежи, а во изминатите месеци убедливо најпопуларни се актерот Бери Киоган и пејачката Сабрина Карпентер, кои ги гледаме на секој чекор.
Ѕвездата на филмот „Saltburn“ и девојката која стои зад летниот хит „Espresso“ се видени како се бакнуваат, шетаат, позираат на црвениот тепих и во разни други ситуации, а неодамна ирскиот актер се појавил и во спотот на неговата девојка за песната „Please Please Please“.
За првпат, гласините за нивната врска се појавија во декември 2023 година, а тие тогаш се труделе да не се експонираат – додека сега не се толку мистериозни. Сепак, нивното појавување во јавноста како пар не поминало без контроверзии.
Бери Киоган, всушност, неколку месеци пред да почнат да го поврзуваат со Карпентер, раскинал со Алисон Киранс, со која поминал три години и кратко пред тоа го добил синот Брандо.
Во интервју за „GQ“ во јануари, актерот одбил да коментира за разделбата, но навел дека Алисон „прави одлична работа и дека е неверојатна мајка“.
Истовремено, нејзината мајка за „Daily Mail“ изјавила дека Бери и Алисон заедно се грижат за нивниот син и истакнала дека актерот на нејзината ќерка ѝ соопштил за новата девојка.
Меѓутоа, фановите забележале дека Алисон Киранс „лајкнала“ коментар на „Инстаграм“ во кој се потенцира почитта кон мајките кои „практично ги одгледуваат сами своите деца“ и нагласува дека Алисон е хероина за својот син.
BARRY KEOGHAN HAS A BABY????????????????? pic.twitter.com/4GkruR2XUj
— LIL BITCH (@bitch_rights) March 20, 2024
Тоа поттикнало дебата на Интернет за тоа колку Бери Киоган навистина е вклучен во животот на својот син, имајќи предвид дека тој постојано е забележан од папараците со новата девојка а покрај своите работни обврски, ѝ правел друштво и на нејзината турнеја.
„Шокирана сум што тој има дете, кога постигнува да има и дете?“, „Изгледа дека 20-месечно бебе не е интересно како и туѓа музичка турнеја, па да му се посвети“, „Кога Бери последен пат го видел својот син?“, „Нема време за детето поради љубовниот живот“. „Како еден ден ќе го погледне во очи тоа момче?“ … се само дел од коментарите на „Икс“. Многумина одат дотаму што тврдат дека актерот своето семејство го оставил поради Сабрина.
Меѓутоа, многумина „скокнале“ во одбрана на актерот, посочувајќи дека мајката на неговата поранешна девојка истакнала дека тие заедно се грижат за своето дете и дека Киоган се осудува само поради однесувањето на мајката на неговиот син на Интернет.
„Тие разговараат и мораат да бидат тука за Брандо“, изјавила мајката на Алисон за „Дејли меил“. „Бери имаше пристојност да ја извести Алисон за својата нова девојка и не можеме да го обвиниме за тоа. Алисон сега е фокусирана на нејзиниот син и на себеси“.