Кирил Смилевски од АИТОНИКС: „AI“ решенијата на „Lenovo“ обезбедуваат сеопфатност и можност за развој без лимити

Точка

11/07/2024

15:36

49.355

Големина на фонт

а а а

Кирил Смилевски, комерцијален директор на AITONIX, ги сподели најновите достигнувања на Lenovo во областа на вештачката интелигенција (AI) и нивното влијание врз управувањето со ИТ операции.

Со неодамнешното претставување на Lenovo на сеопфатни AI решенија, наменети за олеснување на развојот и имплементацијата на AI во различни индустрии, целта е да се истражи како овие иновации можат да го подобрат оперативното работење и бизнис перформансите.

Можете ли да дадете преглед на неодамнешните AI решенија што ги претстави Lenovo и нивното значење за претпријатијата?

Lenovo претстави нови сеопфатни решенија за вештачка интелигенција, дизајнирани да помогнат на секоја компанија да развие и имплементира вештачка интелигенција со готови услуги, вертикални бизнис-решенија и енергетски ефикасни иновации дизајнирани да ја забрзаат практичната примена на вештачката интелигенција. А ние од АИТОНИКС, како компанија која е долгогодишен дитрибутер на Леново, веќе ги нудиме овие решенија на пазарот во Македонија и на нашите клиенти, со што им овозможуваме да бидат еден чекор пред конкуренцијата.

Како овие решенија го разликуваат Lenovo од другите AI провајдери на пазарот?

За да се адресираат апликации за вештачка интелигенција од сите видови, проширувањето вклучува нови сеопфатни услуги поддржани од NVIDIA, нови валидирани решенија за иноватори на AI “From pocket to cloud” и 6-та генерација на течнo ладење Lenovo Neptune, дизајнирано за поддршка на главната имплементација на компјутери спремни за AI без да се жртвува енергетската ефикасност.

Lenovo става акцент на енергетската ефикасност со 6-та генерација на течнo ладење Neptune. Како оваа иновација придонесува за одржливоста во ИТ операциите?

“Lenovo Neptune™ повеќе од деценија води во светот со технологијата за ладење на дата центри, пионерски користејќи сопствена метода на употреба на течност за отстранување на топлината и овозможувајќи на клиентите да постигнат до 40% намалување на потрошувачката на енергија во споредба со традиционалните системи за ладење со воздух.

Можете ли да споделите конкретни примери или случаи на употреба каде овие AI решенија го подобриле оперативното работење?

Со употреба на AI на пример, здравствените институции можат да развиваат персонализирани планови за третман базирани на индивидуални генетски податоци и историја на болести. Од друга страна AI може да анализира податоци од производните линии и да предложи оптимизации за зголемување на ефикасноста и намалување, да речеме на отпадот. А малопродажните компании користат AI решенија за анализа на купувачките навики и преференции, овозможувајќи им да понудат персонализирани препораки и промоции. Примените се навистина огромни и сеопфатни – сѐ зависи од креативноста, идеите и секако техничката подготовка на команиите.

Кои трендови ги предвидувате во иднината на AI за управување со ИТ операции?

Во иднината на вештачката интелигенција за управување со ИТ операции, можеме да очекуваме неколку значајни трендови кои ќе го обликуваат начинот на кој компаниите ќе управуваат и оптимизираат своите ИТ системи, како што се: автоматизација на рутински задачи, самообновување и самооптимизација, предвидливо одржување, сајбер безбедност, динамично управување со ресурси, автоматизација на cloud операции и многу други категории. Сето ова се трендови, но тие наскоро ќе бидат реалност, за кои и ние како компанија сме подготвени. Со овој нов чекор, АИТОНИКС како дистрибутер и долгогодишен партнер на Леново ќе продолжи да ја гради својата репутација како доверлив партнер за бизнисите кои бараат ефективни ИТ решенија”

За AITONIX

AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Бугарија, Србија, Косово). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нуди компанијата постана клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Motorola, Philips, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија.

За повеќе информации за AITONIX и неговите ИТ решенија, посетете ја www.aitonix.mk




Спонзорирани линкови

Маркетинг