Легендата вели дека најголемиот грчки херој, непобедливиот Ахил, своите рани ги лекувал со ајдучка трева. Во негова чест растението го добило своето латинско име.
Рецептот на Ахил им бил познат и на нашите ајдуци, кои секогаш со себе носеле ситно мелен прав од ајдучка трева во свилени кесички. Науката потврдила дека јунаците биле во право.
Ајдучката трева е една од најчесто употребуваните лековити билки кај нашиот народ. Благодарение на содржината на антисептично есенцијално масло и танини, ова растение е добар хербален лек за рани, исекотини, изгореници и воспаленија на кожата. Мелемот или маслото од ајдучка трева се многу делотворни и помагаат во лекувањето на хемороиди, особено оние кои крвават.
Чајот од ајдучка трева е одлично средство за зајакнување на организмот, поттикнување на апетитот и регулирање на работата на органите за варење.
Се препорачува на луѓето кои страдаат од гастритис.
Благодарение на високата содржина на танини, ајдучката трева е добар лек за дијареја. Помешана со маточина и морач, оваа билка ги елиминира гасовите, надуеноста и лошото варење. Во комбинација со смил и питомо нане, ајдучицата делува благотворно на црниот дроб.
Помешана со еднакви количина на анасон и глог, ајдучката трева се препорачува на личности кога страдаат од висок крвен притисок, а помешана со рузмарин и невен ја поттикнува циркулацијата и им помага на луѓето кои имаат проширени вени. Заедно со корен од коприва се препорачува против воспаление на мочниот меур.
Благодарение на стеролите кои ги содржи, ајдучката трева топло се препорачува за жени кои страдаат од болни и неправилни менструации. За таа цел, ајдучицата најдобро е да се пие помешана со еднаква количина вирк. Против обилната менструација се препорачува смеса од еднакви делови од ајдучица и русомача.
Ајдучката трева секогаш треба да ја имате во домот за време на сезоната на грип и настинки, бидејќи помешана со бозел и сладунец ефикасно ја спушта температурата и го зајакнува имунолошкиот систем.
Во комбинација со тегавец и жалфија, ајдучката трева се препорачува на лица кои страдаат од алергии. Ајдучицата е растение кое е безбедно за употреба. Сепак, не се препорачува на трудниците, а мажите не треба да го пијат подолго од еден месец континуирано.
Состојки
50 гр ајдучка трева (Achilea millefolium);
50 гр русомача (Capsella bursa pastoris);
50 гр невен (Calendula officinalis);
50 гр ленено семе (Linni semen).
Подготовка: Измешајте ги сите билки, а потоа четири супени лажици од смесата прелијте ги со литар зовриена вода. Промешајте, гответе уште две минути, покријте и оставете да отстои половина час. Процедете и испијте во текот на денот, после јадење. Кога ќе се излади, чувајте го во фрижидер.
Состојки
50 гр ленено семе (Linni semena);
50 гр пискавец (Trigonela foenum graecum);
50 гр ајдучка трева (Achilea millefolium);
50 гр нане (Mentha piperita);
50 гр мајчина душица (Thymus serpillum);
Измешајте ги сите билки, па 5 супени лажици прелијте ги со литар зовриена вода, промешајте, поклопете и оставете да отстои половина час. Процедете и испијте во текот на денот во мали голтки.
Чај против болни и нередовни менструации
Состојки
100 гр ајдучка трева (Achillea millefolium);
100 гр вирка (Alchemila vulgaris).
Измешајте ги билките, па три супени лажици со 600 мл зовриена вода. Измешајте, поклопете и оставете да отстои половина час. Чајот се пие 7 дена пред почетокот и за време на траењето на циклусот.
Згрејте 300 гр природна свинска маст. Кога маста ќе се истопи и загрее, додајте по една полна рака листови и цветови ајдучка трева и цветови од невен. Измешајте и кога ќе зоврие тргнете го од шпоретот и мешајте 2 минути. Поклопете и оставете на ладно место. Полека загревајте ја масата со постојано мешање. Кога маста ќе се стопи, процедете, додајте 10 капки етерично масло од лаванда и сипете во чист и сув сад со капаче кое добро се затвора. Мелемот се нанесува два пати дневно. Многу е важно столицата да биде редовна и мека. Да го постигнете тоа, секој ден пијте по 3 шолји чај од ленено семе.