За хаосот во ЈСП одговорен е директорот од СДС и нивниот коалиционен Данела, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

10/07/2024

14:16

615

Големина на фонт

а а а

Според партијата на власт, за хаосот во ЈСП одговорен е директорот од СДС и нивниот коалиционен Данела со која заедно изгубија избори.

СДС, како што велат, се единствено одговорни за хаосот во ЈСП.

„Директорот на ЈСП е нивен партиски активист, тој гордо се слика во нивниот централен штаб.

Данела Арсовска е коалиција на СДС. Тие водеа еден фронт против ВМРО-ДПМНЕ кој беше катастрофално поразен на изминативе избори.

Има уште една работа која ќе ги спојува СДС и Данела Арсовска во иднина. И СДС и партијата на Данела Арсовска за која никој не знае како се вика ќе немаат пратеници во Собранието, затоа што ги уништија и Скопје и Македонија“, истакнуваат од владејачката партија.

Додаваат дека и Скопје и Македонија ќе се кренат на нозе, ќе има раст и развој, без Арсовска и без СДС.