Катица Јанева фатена дека не оди на работа кај нејзиниот син, сè уште не е вратена во „Идризово“

Точка

10/07/2024

13:18

4.477

Големина на фонт

а а а

Откако била фатена дека не оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева повеќе нема да може да го користи правото на т.н. делумна слобода.

Службени лица од Управата за извршување на санкции по добиени информации извршиле увид во канцеларијата и затекнале дека таа е затворена односно нема никој.


Таа била должна да се пријави ако не е таму. Направен е записник и веќе нема да може да користи делумна слобода. Таа има право повторно да побара но со оглед дека го прекршила веќе нема да и биде дозволено - потврди за „Пресинг ТВ“ директорот на Управата Александар Пандов.

По написите дека осудената Катица Јанева е вратена во затворот „Идризово“ бидејќи Управата за извршување на санкциите спровела контрола и не ја нашле на работа, директорот на затворот Зоран Јовановски вели дека сè уште Управата не испратила известување за тоа.

Јанева, во февруари годинава доби дозвола да работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, адвокатот Лазар Јанев, кога веќе имаше издржано пет од вкупно седумгодишната затворска казна за случајот „Рекет“. Според условите наутро таа излегува од Идризово, а по завршување на работниот ден, требаше да се врати во затворската ќелија.

Јанева во јуни 2020 година беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна во случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски кој доби казна затвор од девет години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг