Рецепт кој во последно време е невозможно да се пропушти на социјалните мрежи е оној на Дубаи-чоколадо, десерт направен со тестенини од кадаиф.
Покрај тестенините од кадаиф, главна состојка на овој десерт е кремот од ф'стаци, а критиките на социјалните мрежи тврдат дека тој ја заслужува популарноста што моментално ја има. Еве како можете да го подготвите:
Потребно е:
100 гр кадаиф тестенини
40 гр путер
200 гр крем од ф'стаци
300 гр млечна чоколада
Подготовка:
Тестенини од кадаиф исечкајте ги. Во тава се топи путерот, се додаваат тестенините и се пржат додека не поруменат. Додека тестенините се ладат, растопете 150 грама млечна чоколада, па намачкајте ја на дното на силиконски калап или друг вид сад во кој ќе го подготвувате десертот. Вака треба се чува во фрижидер за малку да се стврдне првиот слој.
Во кадаифот додадете го кремот од ф'стаци и убаво измешајте. Добиената смеса премачкајте ја врз чоколадото. На крај растопете го преостанатото чоколадо, премачкајте го преку филот и ставете го во фрижидер да се стегне.