Познатата манекенка го „уловила“ синот на мултимилионерот, цела плажа гледала во нив: Не се знае кој е позгоден, а еве колку „тежи“ нејзиното ново момче

Точка

09/07/2024

20:29

3.810

Големина на фонт

а а а

Бразилската манекенка Алесандра Амбросио е фотографирана на Ибица со синот на мултимилионерот Мајкл Смурфит, Александер Смурфит. Тие уживале во капењето и делувале многу блиски.

Се чини дека Алесандра пронајде нова љубов по раскинувањето со Ричард Ли минатата година. За време на дружбата со Александер, Бразилката ја покажа и својата извајана фигура во дводелен црвен костим за капење, а кога е витката линија во прашање, не заостанува ни нејзиниот моментален партнер.


Таткото на Александер, сер Мајкл Смурфит се смета за водечка фигура во светската индустрија за амбалажи, чие богатство се проценува на 400 милиони долари.

Во септември минатата година странските медиуми известуваа за проблемите во врската меѓу Алесандра и Ричард, кои се забавуваа од јануари 2021 година.


„Таа беше со пријателите и децата, а тој работеше, па тие се оддалечија и не излегуваа некое време. Отсекогаш ѝ бил драг, па можеби ќе успеат да ги решат работите, но тие се разделени со месеци, па тешко дека тоа ќе се случи“, изјави тогаш извор за „Daily Mail“.

Последен пат беа фотографирани заедно во октомври 2023 година во текот на прошетка во Њујорк, што предизвика коментари дека сепак се смириле. Но, се чини дека парот не успеал да ги реши проблемите. Пред него Алесандра беше со бизнисменот Џејми Мазур, со кој доби две деца.


Алесандра ја започна својата манекенска кариера како тинејџерка, но стана меѓународно позната откако беше ангажирана од брендови како што се „Ralph Lauren“, „Christian Dior“ и „Giorgio Armani“. Бразилката често се појавуваше на насловните страници на „Vogue“, „Harper's Bazaar“, „GQ“, „Elle“ и „Glamour“.

Во 2004 година стана ангел на Викторија Сикрет и беше заштитно лице на брендот до 2017 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг