Многу луѓе кои се љубители на хамбургери во главно се соочуваат со „слатки маки“ околу тоа кој конкретно да го одберат – со или без кашкавал, со обично или двојно месо, кои додатоци да ги стават и слично.
Сепак, веруваме дека никој не би се бунел кога би имал можност да проба хамбургер кој своевремено влегол и во Гинисовата книга на рекорди и тоа поради својата висока цена, но и луксузни состојки.
Сосема оправдано, овој хамбургер го добил името „Златно момче“, а го осмислил Роберт Јан ДеВин од Холандија.
На оваа идеја дошол во текот на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, а веќе во 2021-ва година влегол во Гинисовата книга на рекорди.
Овој хамбургер е прелиен со златни ливчиња, намачкан со кавијар, а неговото лепче е направено од шампањ.
Бургерот се состои од врвно сочно говедско, прелиено со кавијар и кралски ракчиња, како што се наведува на официјалниот сајт на Гинисовата книга на рекорди. Дури и неговото лепче е направено од Дом Перињон.
Секако, цената станала предмет на расправа, па коментарите се различни. Едни се согласни дека ова ремек-дело вреди 5.000 евра, додека други истакнуваат дека никогаш не би потрошиле толку на еден оброк.







