Невил и Кин со критики за клучната одлука на Оливер: Ова не е фудбалот со кој растевме

Дерби

30/06/2024

11:24

1.916

Големина на фонт

а а а

Германија излезе како победник на вчерашниот осминафинален дуел со Данска, па иако скандинавската селекција имаше свои шанси да зададе поинаков тек на мечот, немаше среќа во клучните моменти.

Најпрвин и беше поништен гол поради минимален офсајд, а потоа Германците добија пенал поради играње со рака на Андерсен во шеснаесетникот.

Токму оваа одлука за која судијата Мајкл Оливер ја проверуваше снимката по сугестија на ВАР собата, донесе многу реакции меѓу фудбалските фанови, пред се поради минималниот контакт, но и близината на двајцата фудбалери која не оставаше простор за реакција на Андерсен.

Критики за одлуката на Оливер стигнаа од Гери Невил кој веднаш твитна за тоа што мисли за пеналот, но и од Рој Кин кој е разочаран од ваквиот критериум.

– Апсолутно сум шокиран што се доделуваат вакви пенали, – напиша Невил и отвори голема дебата под својот твит, каде главно фановите го критикуваат Оливер за својата одлука.

– Секогаш ги критикувам дефанзивците кои се поставуваат со рацете зад грбот, но сега им е јасно и навистина ми е жал за нив. Ова не е фудбалот со кој израснавме и кој го сакаме, ваквите одлуки не се на место. Никој од фановите утре немаше да се разбуди и да праша зошто не беше досуден овој пенал, – изјавил Кин во студиото на „Би-Би-Си“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг