Навивачите загрижени дека еден натпревар на Европско ќе биде наместен, коефициентот кажува многу

Точка

24/06/2024

11:32

2.523

Големина на фонт

а а а

Групната фаза на Европското првенство во Германија полека влегува во својата завршница.

Се играат натпревари од 3-тото коло во групите и набрзо ќе ги имаме сите парови во осмина финалето, а многу фудбалски фанови се убедени дека еден натпревар ќе биде наместен, бидејќи исти резултат им одговара на двете репрезентации.

Имено, по две кола во групата Е сите репрезентации имаат по три бода. Во оваа група играат Белгија, Украина, Романија и Словачка.


Во последното коло се состануваат Белгија и Украина, и Словачка и Романија, а на Словаците и Романците им одговара реми за двете селекции да поминат во осмина финалето.

Поради тоа многумина се сомневаат дека натпреварот ќе заврши нерешено, а за тоа се свесни и во обложувалниците и нудат прилично низок коефициент за нерешен резултат.


Ова ќе биде првиот натпревар под посебна лупа на јавноста, но јасно е дека не може да се очекува ни од Словачка ни од Романија безглаво да напаѓаат во овој натпревар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг