[ВИДЕО] Ураган во Москва: Двајца загинати, над 30 повредени

Макфакс

21/06/2024

15:54

3.435

Големина на фонт

а а а

Најмалку 35 лица се повредени, а двајца загинаа како последица на ураганот што во четвртокот ја зафати Москва.

Меѓу повредените има и шест деца.

Надлежните апелираа до граѓаните да не излегуваат надвор при лоши временски услови поради обилните врнежи кои се очекуваат во главниот град на Русија.

Ураганот предизвика големи штети на делови од градот.

Според податоците на надлежните служби, соборени се речиси 1.200 дрвја, оштетени се 645 автомобили и неколку столбови за улично осветлување, пренесува РИА Новости.



Спонзорирани линкови

Маркетинг