Руските министри, кои вчера го придружуваа претседателот Владимир Путин во посета на Пјонгјанг, мораа да ја напуштат просторијата за состаноци откако севернокорејски функционер беше налутен од нивното влегување пред врховниот лидер Ким Џонг Ун.
„Москва тајмс“ пишува дека инцидентот се случил за време на директен пренос на државната телевизија на Северна Кореја.
На клипот може да се види Сергеј Лавров, шефот на руската дипломатија, кој прв влезе во салата и седна на преговарачка маса, па почна да се жали дека се извалкал од нешто.
До него седна Денис Мантуров, првиот потпретседател на Владата на Русија и вицепремиерот Виталиј Савељев.
Во салата влегоа и вицепремиерот Александар Новак, министерот за одбрана Андреј Белоусов, министерот за здравство Михаил Мурашко и директорот на „Роскосмос“ Јуриј Борисов.
- Стоп - се слуша како им се обраќа севернокорејски функционер кој не е во видното поле на камерата.
На тоа реагира еден од претставниците на руската делегација.
- Зошто влеговме тогаш? - тој прашува.
На тоа севернокорејскиот функционер одговори дека „постои протокол“.
- Ние ве каниме на маса. Наскоро ќе ни се придружат и нашите лидери - вели тој.
Русинот не се откажува и вели дека „требало веднаш да ги предупредат за тоа“.
- Прво ни кажавте да побрзаме... - вели тој, додека на видеото се гледа како Лавров и другите министри стануваат и заминуваат.