Луѓето сакаат да се смеат, а смеата меѓу другото е и лековита. Проблемот е во тоа што не е сè смешно, па духовитоста се смета за драгоцена вештина.
„AI“ има проблем да ја разбере поентата на хуморот, а тоа важи и за „ChatGPT“. Еве што може да ви понуди кога ќе му побарате да ви каже виц: „Како се вика пијан програмер? Алгоритам“. Можеби некој и ќе се насмее на ова, но тоа сигурно не е бидејќи „ChatGPT“ има смисла за хумор.
Ако побарате уште еден виц, можете да го добиете ова: „Зошто програмерите не сакаат игри на среќа? Бидејќи сакаат да контролираат се“. „ChatGPT“ сака да зборува за програмери, но вториот виц е уште полош од првиот. Ако некој се излаже да побара шеги за стенд-ап настап, работите ќе станат уште помалку смешни. Зошто?
Едноставниот одговор е: Вештачката интелигенција не е духовита. Може да биде смешна, но ненамерно. Четботовите го немаат совладано хуморот во обични разговори. Разбираат што е виц, па го нудат тоа што го научиле при тренингот. Проблемот е во тоа што смислата за хумор е повеќе од прераскажана шега.
Многу експерти сметаат дека „AI“ никогаш нема да го совлада хуморот, а причината е едноставна – хуморот не е лесен бара разбирање на контекст, како и многу планирање однапред.
Се вели дека комичарите играат шах, додека „ChatGPT“ игра Не лути се, човече. Еве уште виц од „ChatGPT“ за крај: „Како се вика бебе пингвин кое постојано лаже? Мал лажго“.
Дури и малку непријатно, зарем не?