Кина со брутален одговор по обвинувањата на шефот на НАТО! Столтенберг јавно се закани, сега доби жесток одговор

Точка

18/06/2024

22:04

5.963

Големина на фонт

а а а

Кинеското МНР го повика НАТО да престане да ја префрла вината за украинската криза и итно да најде решение за истата.

Кинеското Министерство за надворешни работи го повика НАТО да престане да ја префрла вината за украинската криза.

Ова го изјави Портпаролот на министерството Лин Џијан на редовниот брифинг со новинарите како одговор на тврдењето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Кина и обезбедува технологија на Русија што ја пролонгира кризата.


„Она што треба да го направи НАТО е да се преиспита, а не самоволно да ја клевети и напаѓа Кина“, рече Лин, кој нагласи дека Кина не ја создала украинската криза ниту е нејзина страна и секогаш била посветена на промовирање мировни преговори.

Тој додаде дека меѓународната заедница широко ја препознава објективната и непристрасна позиција и конструктивната улога на Кина.


„Ја повикуваме страната на НАТО да престане да ја префрла вината и да сее раздор, да не долева масло на огнот, туку да направи нешто практично за политичко решение на украинската криза“, рече кинескиот портпарол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг