Почина Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Точка

18/06/2024

11:44

4.068

Големина на фонт

а а а

На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.

Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил секретар на Средношколскиот и на Општинскиот комитет на Народната младина, професор во Гимназијата со економски паралелки „Ј. Б. Тито“ од 1959 до 1963 година и во Работничкиот универзитет „Моша Пијаде“ во Кавадарци.


Андов во неколку наврати ја извршуваше функцијата претседател на законодавниот дом, беше пратеник, а во 1999 година се кандидираше и за претседател на државата.

На 30 ноември 2000 година беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг