„Слушајте ја оваа страница“: „Google“ сега нуди опција за читање веб-страници на глас и тоа во својот пребарувач

Точка

17/06/2024

18:01

5.699

Големина на фонт

а а а

Google воведува нова опција наречена „Listen to this page“ која може гласно да ви чита веб-страници од пребарувачот "Android Chrome".

Функцијата доаѓа со контроли за репродукција слични на оние што би ги пронашле во системите за музика или "поткаст плеерите", што ви овозможува да паузирате, да ја менувате брзината на читање, брзо да премотате напред или назад за 10 секунди.


Можете исто така да го промените гласот што се користи, како и јазикот. Оваа функција поддржува неколку јазици, вклучувајќи англиски, француски, германски, арапски, хинди и шпански. За да видите дали ја имате оваа опција, одете на страница со многу текст, потоа допрете го менито со три точки и „Listen to this page“, што треба да се појави веднаш под опцијата "Translate".


Можете исто така да побарате од „Помошникот на Google“ да ви чита на глас веб-страници, па дури и да преведува на други јазици додека го прави тоа. Но, изборот на таа опција ве носи од Chrome во апликацијата Google, додека новата опција ве држи во вашиот пребарувач.


"Google" исто така ја тестираше функцијата за "Chrome" на компјутери. "Safari" за "iPhone" има слична функција наречена „Listen Page“ која ви чита веб-страници со гласот на "Siri", со слични контроли како оние на "Google".




Спонзорирани линкови

Маркетинг