[ВИДЕО] Беше најатрактивен „Opel“: Производството е откажано поради еден детаљ

Точка

16/06/2024

10:51

11.601

Големина на фонт

а а а

Во историјата на „Opel“ забележани се низа атрактивни модели, а еден од оние кои заземаат посебно место е „Calibra“.

„Calibra“ влегува во редот на последни атрактивни „Opel“ возила и веројатно последно купе вредно за споменување. Ги одбележа 1990-тите години, но и покрај пазарниот успех, не доби наследник.

Во понудата се нудеше исклучиво како купе, но малку е познато дека во план бил и кабриолет, но на крајот се одлучиле дека нема да биде конкурентен/

Верувале или не, своевремено најаеродинамичниот автомобил на светот имал многу фер цена, а се нудел со неколку мотори, почнувајќи од 2.0i со 116 коњски сили. Понатаму, 16 V верзијата од 150 коњски сили била воедно и најпопуларна.

„Valmet Automotive“ направил кабрио верзија со покомпликуван и многу тежок систем за склопување на кровот, а токму масата била пресудна во откажувањето од комерцијализацијата. Затоа, направени се само два или три прототипови.

Во меѓувреме некои каросеристи нуделе преработки кои биле направени во мал број. Тие не биле премногу популарни, а најважна причина била многу високата цена за преработка.

Еден тјунер за вградување на спуштачки кров наплаќал 28.000 марки, што цената на „Calibra“ ја ставало пред класикот како што е „Audi 80 Cabrio“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг