Негователка стиснала и изгребала дете на образот бидејќи не сакало да јаде, родителите пријавиле во полиција

Макфакс

14/06/2024

16:38

1.291

Големина на фонт

а а а

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, Љ.М.(34) од Скопје пријавила дека на 12.06.2024 откако нејзиниот сопруг го земал нивниот малолетен син од градинка на подрачјето на Карпош забележале дека има гребаница на лицето.

Според пријавеното, тие подоцна разговарале со негувателката и директорката на градинката, при што негувателката појаснила дека за време на појадокот нивниот син не сакал да јаде, при што таа го стиснала на образот за да јаде и дека е можно тогаш да го изгребала.

Се работи на расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг