[ВИДЕО] Италијанските служби спасија најмалку 76 лица откако патнички брод почна да тоне

Макфакс

12/06/2024

20:24

968

Големина на фонт

а а а

Италијанските служби спасија најмалку 76 лица откако патничкиот брод „Аудас“ почна да пропушта вода и да тоне.

Крајбрежната стража на Трст успеала да ги однесе сите патници на безбедно, пишува „Скај Њуз“. Новиот брод што пловел на релација Трст – Градо наиде на сериозни проблеми во лагуната Градо.

Бродот почнал да пропушта вода и постоел ризик да потоне. Италијанските власти ги ангажираа сите расположливи ресурси – крајбрежната стража, полицијата и пожарникарите – за да ги евакуираат патниците.

Властите добија повик за помош во 11:50 часот. „Аудас“ започна со пловење во 2023 година. Со бродот управува Azienda Provinciale Trasporti (APT), член на конзорциумот TPL FVG, кој го надгледува регионалниот јавен превоз, според InTrieste.



Спонзорирани линкови

Маркетинг