[ВИДЕО] Американци откриле како се подготвува мајонез и го насмеале Балканот до солзи: „Ова пред 100 години го спремаше мојата баба за слава“

Точка

11/06/2024

12:02

4.208

Големина на фонт

а а а

Пред неколку години Американците го откриле таканаречениот бамбус, односно пијалак направен со мешање на газиран сок и црвено вино.

Веста дека бамбусот е хит во Америка насмеала многумина, а коментарите „дека први сме правеле сè“ го преплавиле интернетот.

Само што заборавивме на ова, Американците одлучија повторно да нè насмеат и тоа со рецепт за домашен мајонез.

Имено, Алиша и нејзиниот сопруг често објавуваат видеа како испробуваат рецепти и трикови кои се вирални на „TikTok“, а овојпат на ред дојде и мајонезот. Воодушевено гледале во рецептот за домашен мајонез, иако нашите баби и мајки го подготвуваат со децении, особено за слави и празници.


Откако детално го погледнале рецептот, одлучиле да направат свој мајонез, но на самиот почеток го насмеале целиот Балкан. Алиша и нејзиниот сопруг извадиле пакување од шопингот во кој имало готови варени јајца.

„Ох, вие Американци. Па зошто ви е толку тешко да ги сварите јајцата. Понекогаш навистина ме загрижувате“, напишал човек од Грција.

Тие потоа ги додале останатите состојки и ги изблендирале, а потоа дошло време за тестирање на вкусот.

„Се колнам. Домашната храна е најдобра“, зборувала Алиша, додека нејзиниот сопруг цело време потврдувал дека домашниот мајонез е одличен.

И покрај тоа што го пофалиле и направиле како треба, Балканците не се откажале од прозивките.

„Американците во 2024 година се воодушевени од работите кои баба ми ги спремаше за слава уште пред 100 години“, „Мозокот ми запре кога видов купечки тврдо варени јајца“, „Навистина понекогаш ме загрижувате“, биле само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг