Вашингтон пост: САД ја укина забраната на украинската бригада Азов да користи американско оружје

Макфакс

11/06/2024

11:17

858

Големина на фонт

а а а

Американската администрација ја укина забраната на украинската бригада Азов да користи американско оружје, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на Стејт департментот.

Весникот наведува дека портпаролот на Стејт департментот одбил да каже кога е укината забраната и дали американското оружје веќе стигнало до бригадата Азов.

Ниту командантите на таа бригада, ниту украинската влада не одговориле на барањата за коментар, додава Вашингтон пост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг