„Дали е можно да се искористат сите придобивки од вештачката интелигенција и во исто време да се контролираат можните ризици? Светот без регулација во областа на вештачката интелигенција претставува опасност која мора постојано да нè држи будни?“, изјавила Дорин Богдан-Мартин, генерален секретар на Меѓународната единица за телекомуникации, на светскиот самит во Женева.
Таа предупредила дека мал број луѓе во моментов го контролираат развојот на технологијата и апелирала до светската заедница да го направи процесот поинклузивен.
На истиот самит наречен „Вештачката интелигенција во корист на планетата“, посетителите имаа можност да разговараат со хуманоиди. Едно од прашањата било дали се подготвуваат да го преземат управувањето со планетата, а еден од роботите покажа и што мисли за луѓето.
Роботот Кепча ѝ рекол на соговорничката дека му е мило што ја запознал, но дека не мора да биде љубезен бидејќи не е човек, а на прашањето што прави за забава, отворено ѝ рекол „Ги исмејувам глупавите луѓе како што си ти“.