Бројни холивудски ѕвезди наоѓаат љубов меѓу своите колеги, но често се случува браковите на познатите парови да не траат или да бидат проследени со скандали, токму поради нивната слична професија и стилот на живот.
Сепак, некои познати личности ја пронајдоа љубовта подалеку од она што е под лупа на јавноста и решија да го поминат животот со партнери кои немаат врска со светот на шоу-бизнисот. Овие седум познати личности се во брак со „обични“ луѓе.
Елен Помпео и Крис Ајвери

Ѕвездата од серијата Вовед во анатомија го запознала својот сопруг во 2003 година во продавница. Познатата актерка и музичкиот продуцент започнаа врска по шест месеци пријателство, а четири години подоцна тајно се венчаа. Заедно имаат две ќерки, 14-годишната Стела Луна и 9-годишната Сиена Меј и 6-годишниот син Ели Кристофер.
Мет Дејмон и Лусијана Баросо

Двојката се запознала во еден бар во Мајами, каде Лусијана работела како келнерка. Дејмон тогаш бил во градот каде го снимаше филмот „Stuck On You“, а по долгиот ден на снимање, членовите на филмската екипа го поканиле на пијачка во барот каде што работела Лусијана. Актерот еднаш изјавил дека ја забележал само неа во преполна соба со луѓе.
Џери Сајнфелд и Џесика Склар

Познатиот комичар ја запознал сопругата во теретана, но во тоа време таа била зафатена. Имено, Џесика два месеци била во брак со Ерик Недерланд, синот на театарскиот магнат Роберт Недерланд.
Набргу по средбата со Сајнфелд, таа се развела и се верила со комичарот во декември 1999 година. Заедно имаат три деца, синовите Џулијан (21) и Шеферд (18) и ќерката Саша (23).
Еди Редмејн и Хана Багшоу

Британскиот актер и неговата сегашна сопруга се запознале кога Редмејн го посетувал колеџот Етон, интернат само за момчиња, додека Багшоу одела во соседниот интернат за девојчиња.
Кога Багшо и нејзините соученици организирале модна ревија за добротворни цели, Редмејн доброволно се пријавил да оди на пистата топлес, и така започнало нивното 12-годишно пријателство. Врската ја започнаа во 2012 година, а се венчале две години подоцна и имаат две деца, ќерката Ајрис (7) и синот Лук (6).
Алек Болдвин и Хиларија Томас

Болдвин и Томас се запознале во 2011 година во вегански ресторан, а познатиот актер бил шармиран од инструкторката по јога.
„Стоев близу вратата со моите пријатели кога тој дојде, ме фати за рака и ми рече: „Морам да те запознаам“. Тие се венчаа во 2012 година и заедно имаат седум деца.
Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Долго време беше познат како еден од најозлогласените холивудски ергени, а потоа се заљуби во адвокатката за човекови права Амал Аламудин. Нив ги запознал заеднички пријател кој имал куќа покрај езерото Комо во Италија, каде вушност се сретнал парот. Тие се венчаа во 2014 година, а потоа ги добија близнаците Ела и Александар во 2017 година.
Џенифер Лоренс и Кук Марони

Познатата актерка и трговецот за уметнички дела се запознале во 2018 година преку заеднички пријател. Тие се венчаа една година подоцна на церемонија на Род Ајленд, а во 2022 година актерката го роди нивниот син Си.















