Борусија Дортмунд беше подобар и поопасен противник во првото полувреме, но откако не ги искористи своите шанси, беше казнета во завршните 15 минути од натпреварот.
Реал Мадрид стигна до 15. титула во Лигата на шампионите, подобрувајќи го и онака импресивниот рекорд и тоа со триумф со резултат 2:0, со головите на Карвахал и Винисиус.
Шпанскиот клуб го засили темпото во последната четвртина од мечот, Борусија не можеше да парира како претходно, а првиот удар беше зададен по корнер од левата страна, кој Крос го изведе одлично, а Карвахал го претвори во погодок со удар со глава.
Завршниот удар дојде по грешката на Матсен и топката која Винисиус ја доби пред шеснаесетникот на Борусија, па без проблеми го совлада Кобел за конечни 2:0.
Фулкруг во завршницата постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд, па Борусија не успеа да реализира во финалето и да го направи финишот поинтересен.
Белингам по првата европска титула со Реал: Најдобра ноќ во мојот живот
Џуд Белингам стигна до трофејот во Лигата на шампионите уште во дебитантската сезона во дресот на Реал Мадрид, а неговиот тим стигна до 15-та титула во најпрестижното европско натпреварување.
Англискиот репрезентативец бил очекувано емотивен по крајот на финалето и истакнал дека ова е најдобрата ноќ во неговиот досегашен живот.
– Отсекогаш сонував да играм вакви натпревари.
– Поминуваш низ животот и постојат луѓе кои ти кажуваат дека не можеш да направиш одредени работи. Мојот помал брат беше тука вечерва и се обидувам да му бидам добар пример. Не можам да го опишам ова чувство, ова е најдобра ноќ во мојот живот, – истакнал Белингам,
Реал Мадрид ја победи Борусија со 2:0 со головите на Карвахал и Винисиус.