Месо и сирење понесете од дома, зеленчук ќе си купите таму – еве ги цените во маркетите во Грција

Денар

29/05/2024

18:51

4.681

Големина на фонт

а а а

Цените на храната во Грција се различни и зависат од место до место.

Сепак, како што забележуваат првите македонски туристи кај нашиот јужен сосед, цените на храната во Грција се нешто повисоки од претходните години, следејќи генералниот тренд на раст на цените во Европа.

Додека некои намирници се поевтини во Грција, други се поскапи.


Ирена Блажевска, 46-годишна скопјанка, во разговор за Денар вели дека не забележала огромна разлика во цените на зеленчукот и овошјето, но дека купувањето месо и млечни производи во Грција е неисплатливо.

„Додека се наоѓав на одмор во Грција, поточно во туристичкото место Неа Пори, забележав дека цените на зеленчукот и овошјето не се многу повисоки од оние во Македонија. Свежите домати, на пример, не се продаваат за повеќе од 70 денари, а свежите краставици не се продаваат повеќе од 75 денари. Од друга страна, разликата се гледа во месарниците и во маркетите. Таму, цените на месото и другите производи може да бидат поскапи. Во секој случај, Грција е прекрасна земја со богата култура и вкусна храна”, ни изјави Блажевска.


ТУКА можете да видите неколку индикативни цени на храната во Грција во 2024 година (цените се изразени во евра).



Спонзорирани линкови

Маркетинг