Ѕвездата на „Stranger Things“ се омажи за синот на Џон Бон Џови: Венчавката се одржала во тајност

Точка

27/05/2024

16:10

2.869

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на „Stranger Things“, позната по својот лик „Eleven“, се омажи за синот на Џон Бон Џови, Џејк Бонџови, по две години врска, пишува „The Sun“. Двојката се венча тајно минатиот викенд.

„Тоа беше многу мала, романтична церемонија со најблиските членови на нивните семејства“, велат изворите, додавајќи дека парот планира поголема прослава на крајот на годината.


На почетокот на април минатата година се дозна дека парот се верил. Тие се заедно од 2022 година, а претходно беа пријатели. Во прилог погледнете ги фотографиите од минатогодишната веридба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг