Банките во Европа на чекор од казна: Џенет Јален најавила остри санкции поради соработка со Русите

Точка

27/05/2024

21:06

1.491

Големина на фонт

а а а

Американската министерка за финансии Џенет Јален изјавила дека европските банки се соочуваат со растечки ризици поради работењето во Русија и дека САД разгледуваат зајакнување на своите секундарни санкции ако се утврди дека тие банки со своите трансакции им помагаат на руските воени напори.

„Ќе разгледаме потенцијално построги санкции од банките кои работат во Русија“, рекла Јален за „Reuters“ не наведувајќи детали и не идентификувајќи ниедна конкретна банка против која санкциите би можеле да бидат насочени.

Јелен на маргините на состанокот на финансиските лидер на Групата седум (Г7) во северна Италија рекол дека санкциите врзани за работењето на банките во Русија ќе бидат воведени само ако постои причина за тоа, додавајќи дека работењето во Русија создава голем ризик.


Како што пренесува „CNBC“, креаторот на политиките на Европската централна банка (ECB) Фабио Панета на истиот собир нагласил дека италијанските банки мораат да ја напуштат Русија бидејќи самото останување во таа земја ја загрозува нивната репутација.

Австриската „Рајфајзен банка“ е најголем кредитодавач кој работи во Русија, а зад неа по обемот на работа е италијанската „Unikredit“, додека на рускиот пазар се присутни и друга италијанска банка „Inteza Sanpaolo“.


Министерството за финансии на САД има овластување да ги исклучи банките од американскиот финансиски систем ако се утврди дека тие институции помагаа во заобиколувањето на санкциите против Русија и другите ентитети поради војната во Украина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг