Совети од стоматолог: Доколку вашето дете одбива да мие заби, еве што може да направите

Точка

27/05/2024

11:35

6.949

Големина на фонт

а а а

Ако имате мало дете кое одбива да ги мие забите, не сте сами. д-р. Хела Пуљиќ, која со години е на листата на најдобри хрватски стоматолози на порталот Најдоктор, откри дека тоа е проблем на кој родителите често се жалат во ординацијата.

За да ја спречите оваа појава, д-р Пуљиќ ве советува да ги масирате непцата на вашето бебе додека сè уште нема заби.

"Ова има двојна придобивка - удобно е за детето и служи како адаптација на четката за заби во иднина. Повторувајте ја оваа акција два пати на ден, наутро и навечер, и создавате навика на четкање на забите", објасни таа во објавата на Инстаграм.

Ако се работи за постаро дете, постојат три работи што родителите можат да ги направат за да ја променат оваа навика.

„Мијте ги забите заедно, мотивирајте го вашето дете со вашето миење на забите и доведете го кај стоматолог кој ќе ви ја објасни техниката и важноста на четкањето на забите на соодветен начин“, додава д-р Пуљиќ.


Инаку, според стоматологот, дете до седум години не може самостојно да ги мие добро забите бидејќи нема целосно развиена фина моторика.

„Додека детето не знае правилно да држи молив, не може самостојно добро да ги мие забите“, заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг