[ВИДЕО/ФОТО] Ова е пејачот кој синоќа беше убиен на Пластичарска, имаше само 29 години: Амар ќе биде погребан денеска

Точка

27/05/2024

10:56

8.526

Големина на фонт

а а а

29-годишниот Амар Исмани од Скопје, популарен пејач, е жртвата по синоќешното пукање на Пластичарска улица, објави ТВ21.

По укажаната помош 29 годишниот Исмани кој бил примен во тешка состојба им подлегнал на повредите.

„Во 23.51 часот, од Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал“, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Во текот на ноќта дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.

Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија.

Дека Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото семејство.

Të Allahut jemi dhe tek ai do kthehemi

Me zemër të thyer e të pikëlluar ju njoftoj se ka ndëruar jetë djali/vëllau jonë...

Posted by Edin Ismani on Sunday, May 26, 2024



Спонзорирани линкови

Маркетинг