Пукање на Пластичарска, тројца ранети, едниот им подлегна на повредите

Точка

27/05/2024

08:26

4.845

Големина на фонт

а а а

Три лица биле ранети во престрелката со огнено оружје која синоќа се случила на булеварот „Никола Карев“, познат како Пластичарска. Едно од ранетите лица починало во болница.

Според првичните информации напаѓачот пукал од мотор кон повредените, по што избегал. Неофицијално, мотивот за нападот бил нерасчистени меѓусебни односи.

Убиениот е 29-годишен скопјанец кој заедно со уште едно лице на 19-годишна возраст, исто така од Скопје биле хоспитализирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната помош 29-годишникот кој бил примен во тешка состојба им подлегнал на повредите.

„На 26.05.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје имало пукање“, информираат од МВР.

„Во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје. Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг