Често се случува главните виновници за лошиот сон да бидат оброците кои ги консумирате пред спиење.
Важно е да избегнувате оброци со голема количина масти пред спиење, но полесната храна како што е меѓуоброкот е пожелна да се консумира пред спиење.
Според диететичарката Лорен Махерси, изборот на правилниот оброк пред спиење би можел да помогне во стабилизирање на шеќерот во крвта и подобрување на вашиот сон. Таа открива два видови оброци кои може да ги консумирате пред спиење.
1. Јаболко со путер од кикиритки
Овој оброк е идеален поради тоа што не содржи многу калории, а здравите масти во путерот од кикиритки се одлични за регулирање на нивото на шеќерот во крвта.
2. Јогурт и сушено овошје
Овој оброк е совршено решение доколку пред спиење ви се јаде нешто слатко. Многумина ова го опишуваат како слатко задоволство за крај на ноќта, а добра опција е и грчкиот јогурт.