[ВИДЕО] Вкусен десерт од млеко кој не се пече и е совршен за летните денови

Точка

23/05/2024

14:36

31.451

Големина на фонт

а а а

Овој десерт од млеко е еден од оние колачи кои не се печат. Тој е лесен за подготовка и доволни се 25 минути за истиот. Има благ вкус, па затоа се препорачува да го надополните со рендано чоколадо.

Потребни состојки:

- 10 парчиња бисквити со путер
- 520 мл. млеко
- 180 гр. шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 5 жолчки
- 18 листови желатин или 30 гр. мелен желатин
- 450 гр. грчки јогурт или павлака

За декорација:

- рендано чоколадо

Подготовка:

Во садот со жолчките додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. Матете додека смесата не стане пенеста, а потоа префрлете ја во тенџере и додајте го млекото. Ставете го тенџерето на тивок оган и постојано мешајте додека не зоврие.

Кога ќе зоврие, тргнете го од оган. Желатинот во листови потопете го во ладна вода и оставете да набабри според упатството на пакување. Кога ќе набабри, извадете го од водата и лесно исцедете го, а потоа додајте го во смесата со млекото и жолчките.

Мешајте додека желатинот не се растопи, а потоа оставете смесата да се излади на собна температура. На крајот додајте грчки јогурт или павлака и сè добро соединете.

Во тава или калап обложен со хартија, ставете ја смесата и одозгора наредете бисквити. Колачот треба да се лади минимум 4 часа, а идеално би било да остане во фрижидер преку ноќ. Изладениот колач извадете го од калапот и внимателно отстранете ја хартијата за печење, а одозгора украсете со рендано чоколадо.