Пад на Волстрит од рекордните нивоа

Нетпрес

23/05/2024

07:55

1.751

Големина на фонт

а а а

На Волстрит берзанските индекси се лизнаа од рекордното ниво во средата бидејќи записниците од последната средба на челниците на американската централна банка покажаа дека тие нама да брзаат да ги намалат каматните стапки.

Индексот Dow Jones загуби 0,51 отсто, на 39.671 поен, додека S&P 500 се лизна за 0,27 отсто, на 5.307 поени, а индексот Nasdaq 0,18 отсто, на 16.801 поен.

Во фокусот на инвеститорите вчера беа записниците од последната седница на Fed, кои покажаа дека челниците на централната банка на САД сметаат дека инфлацијата се намалува, но премногу бавно за каматите наскоро да бидат намалени. Тоа не е ништо ново, имајќи предвид дека повеќето од гувернерите на Fed со месеци јавно кажуваат дека инфлацијата останува над целните нивоа на банката и дека треба да се има трпени кога станува збор за намалувањето на каматните стапки.

Пред објавувањето на записникот, пазарот проценуваше дека има 65 отсто шанси Fed да ги намали каматните стапки во септември, но сега таа проценка падна на 59 отсто.

Падот на индексите S&P 500 и Nasdaq од рекордните нивоа е последица и на претпазливоста на инвеститорите пред објавувањето на кварталниот деловен извештај на „Nvidia“, водечкиот производител на чипови за вештачка интелигенција. По затворањето на тргувањетона Волстрит, „Nvidia“ објави подобри оперативни резултати од очекуваните, со што цената на акциите се зголеми за околу 6 отсто во продолженото тргување.

Благодарение на тоа, фјучерсите S&P 500 и Nasdaq индексот утрово се во плус, што значи дека на почетокот на денешното тргување на Волстрит индексите би можеле да ги надоместат вчерашните загуби.

Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,55 отсто, на 8.370 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,25 отсто, на 18.680 поени, а париски CAC за 0,61 отсто, на 8.092 поени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг