Црна Мачка: Од службеничка станав стриптизета!

Точка

17/08/2011

15:58

61.335

Големина на фонт

а а а

Девојката која што за себе ќе каже дека е скромна, обична и нормална, но пред се голем професионалец, Црна Мачка е онаа која што јавно проговори за професијата стриптизерка, и призна на што најмногу се пали публиката додека ја гледа како таа се соблекува и игра.

Ова ексклузивно интервју и овие жешки фотографии ги гледате само на најчитаниот веб портал кај нас, ТОЧКА.

Црна Мачка, како те доживуваат луѓето кога ќе им кажеш дека си стриптизета?

Прво се зачудени, а веднаш потоа почнуваат да ми поставуваат прашања, како сум почнала, колку време веќе се занимавам, каде настапувам. Повеќето ги интересира како сум ги направила градите, како играм, колку вежбам, како живеам. Не знам, луѓето се многу љубопитни и сакаат се да знаат.

Може ли да се преживее од соблекување и играње на шипка кај нас?

Јас сум вработена во секси шош Валијант, и секако дека се заработува одлично. Јас живеам од тоа, си ја сакам професијата и еве, ќе бидам искрена, се заработува повеќе од една просечна плата кај нас.

Си имала ли непријатни ситуации со клиентите?

Сум имала, но јас знам како да се справам со сето тоа. Подолго сум во оваа професија, професионалец сум и знам како да одговорам на сите проблеми и предизвици од страна на клиентите. Знам да се снајдам. Кога одам на момачки вечери, има повеќе машки и се послободни, знаат да се опуштат, но јас си ја знам работата, секогаш сум со обезбедување околу мене и немам проблем со тоа.



Ти се случило да се заљубиш за време на работата?

Не, тоа ми се нема случено, ни во машко ни во девојка. Да бидам искрена освен мажите ми приоѓаат и девојки, но досега ете, не ми се случило тоа. Премногу си ја сакам работата, посветена сум максимално и не оставам простор да се опуштам или да ги гледам гостите и клиентите со поинакви очи.

Што се подразбира под професијата ‘стриптизета’ кај нас?

Па професијата стриптизета кај нас значи голем збор со мало значење. Малку е специфична професијата, не ја работат многу девојки кај нас. Македонија е многу патријахална држава и девојките се срамат да го работат ова затоа што ги интересира сто ќе кажат другите и што другите мислат за нив, очигледно живеат за другите, а не за самите себе. Секој треба да си го живее својот живот, самоуверено и гордо. Потекнувам од фамилија каде што сите се факултетски образовани луѓе, и ме подржуваат максимално. Мојата професија е уметност и тие што ме сакаат ме подржуваат 100 %. После настап имам обожаватели кои сакаат да се сликаат со мене, што значи дека пренесувам некоја позитивна енергија преку мојата работа.

Очигледно немаш срам додека се соблекуваш гола. Како ја снема тремата кај тебе?

Тремата ја изгубив со тек на време, со многу голема подршка и разговор со моите менаџери. Се започна на една мала, приватна забава, која што беше мојата прва мала тезга, а мојата прва голема тезга беше на една голема забава на Водно. Тоа кога го направив сватив дека имам дарба, луѓето ме сакаат, и после се течеше како што треба. Се опуштив и сега немам никаков срам ни трема.

Која е Црна Мачка?

Црна Мачка е една скромна девојка, што има карактеристики на мачка, питома сум и во даден момент знам како да се одбранам. Не го откривам мојот идентитет. Инаку јас од службеничка во државна инстуција станав стриптизерка. И поради подобра заработка и поради тоа што видов дека имам талент за оваа професија. Немам дечко, не сум вљубена и ете, тоа е накратко Црна Мачка.



Што е карактеристично за тебе и твојот начин на стриптиз?

Играм со питон, јас сум единствена во Македонија што знае да игра со змија. Играм со оган, јас секојдневно се надоградувам, моите менаџери, Светлана и Горан од Валијант се секогаш тука за совети и идеи. Не е само да играш и да се соблекуваш, треба да има и додатни работи кои би ја расположиле публиката. Играм на секаква музика, и не значи дека секогаш треба да се прави целосен стриптиз. Зависи од тоа каков е договорот и каква е нарачката. Моите настапи во диско траат 3 по 20 минути, а на момачки вечери е 2 по 20, но некогаш и се продолжува. Публиката најмногу се пали кога сум облечена како полицајка, или докторка.

Имаш ли силикони како го одржуваш твоето тело во топ форма?

Имам силикони на градите и усните, а моето тело го одржувам со вежбање на пилатес. Внимавам на исхраната и пијам многу течности. Старосна гразница за оваа професија нема, се зависи од изгледот.

И за крај што ги советува Црна Мачка сите читатели на ТОЧКА?

Им препорачувам да живеат онака како што сакаат и да си го живеат својот живот, а не туѓиот. Животот е краток, така што нека го живеат секој момент.

Автор: Марија Главчева
Локација: Секс Шоп Валијант






























Спонзорирани линкови

Маркетинг