Има посебна арома: Сирењето од кое излегуваат муви и црви е прогласено за најопасно на светот

Точка

22/05/2024

14:52

9.768

Големина на фонт

а а а

Гинисовата книга на рекорди го прогласи сирењето Казу Марцу за најопасно сирење на светот бидејќи содржи црви и јајца од муви кои му даваат посебна текстура.

Посебниот вид овчо сирење традиционално го произведуваат овчарите во Сардинија. Сирните мушички Piophila casei ги несат своите јајца во пукнатините кои настануваат во сирењето.

Црвите се пробиваат низ сирењето, притоа дигестирајќи ги протеините и вишокот маснотии. Кога сирењето е готово, сè што треба да направите за да го јадете е да го отстраните горниот дел, кој е недопрен од црви, и да го соберете кремастиот деликатес со лажица, пренесува „CNN“.

Некои притоа чекаат „потстанарите“ да го напуштат сирењето, а други го консумираат заедно со црвите, објаснувајќи како токму тие ја даваат посебната арома. Велат дека сирењето има вкус кој потсетува на медитеранските пасишта, а неговата арома со часови останува во устата.


Токму поради неговата сомнителна здравствена исправност, сирењето не може да се купи во слободна продажба која законот ја забранува, но жителите и понатаму уживаат во него. Имено, здравствените експерти истакнуваат дека црвите би можеле да преживеат во дигестивниот систем и да создадат микро перфорации во цревата, но наводно ниту еден таков случај не е уште забележан и поврзан со овој вид сирење.

Сепак, авантуристите на Сардинија успеваат да го пронајдат Казу Марцу, сирење кое ја одржува древната традиција и културата на еден народ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг