На италијанскиот министер за одбрана му се слоши, хоспитализиран поради болки во градите

Макфакс

22/05/2024

08:37

563

Големина на фонт

а а а

Во вторникот на италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето му се слошило за време на состанокот на Врховниот совет за одбрана и бил пренесен во болница со возило на брза помош, јавуваат италијанските медиуми.

Општата слабост е причината поради која Крозето беше хоспитализиран вчера попладне, по втор пат во последните три месеци, пренесува италијанскиот весник Месаџоро.

Тој, наводно, бил однесен во болницата Сан Карло ди Нанси во Рим, истата установа каде што бил лекуван во февруари поради перикардитис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг