[ФОТО] Бела Хадид со проѕирен фустан на Канскиот фестивал, следеа многу критики: „Изгледаш евтино“

Точка

21/05/2024

09:22

7.677

Големина на фонт

а а а

Бела Хадид се прошета на црвениот тепих на 77-то издание на Канскиот филмски фестивал, а поради својата смела облека стана предмет на бројни критики на социјалните мрежи.

На премиерата на филмот „The Apprentice“ таа носеше проѕирен фустан на модната куќа Сен Лоран кој ги откри нејзините гради. Изгледот го комплетираше со малку навиткана фризура, дијамантски накит и високи потпетици.


Многу обожаватели на социјалните мрежи изјавија дека не требало да се појави гола на ваков престижен настан.

„Извини, ова е такво разочарување“, „Изгледаш евтино“, „Дали жената мора да биде гола за да се смета за убава?“, „Јас сум твој обожавател, но ова е вулгарно“, се некои од реакциите.


Откако им позираше на присутните фотографи на црвениот тепих, таа им пријде на фановите кои стоеја до неа и им даде автограми и накратко разговараше со нив.

Познатиот стилист Ло Роуч претходно ја нарече Бела „Кралица на Кан“. Таа ги носеше креациите на многу луксузни модни куќи, меѓу кои Скиапарели, Жан Пол Готје и Версаче. Судејќи според реакциите на фановите вчеравечер, таа повеќе не ја носи титулата „Кралица на Кан“.


За потсетување, бројни критики доби и руската манекенка Наташа Поли бидејќи на фестивалот се појави во проѕирна креација.

Филмскиот фестивал во Кан се одржува од 14 до 25 мај.